Според закон за работни односи (Член 110), имате обврска за евиденција на работното време на Вашите вработени.
Опис на програмата
Дефинирање на лица – вработени или гости, дефинирање на параметри на читачите, како што се време и датум, и сите прегледи на работно време и пристап (дневно, месечно, период,..)
Програмата формира комплетен систем со кој можете сами да ги дефинирате:
Вашите корисници - лица (име, презиме, оддел, број на карта, и сл.) на картичките и нивните пристапи до секој читач - врата поединечно, односно кој вработен каде или на која врата има одобрување за пристап. Времеските зони доколку Ви се потребни сами ги дефинирате и ги доделувате на секое лице поединечно. Врсти на одсаства (службено, приватно, празник,..)
Функциите за секој читач посебно. За секоја врата задавме поставувачки вредности, како што се: Датум, време, времетраење на порака, споредување на карти (или ПИН број и карта), времетраење на отварање на вратата, времетраење на одѕив на порака, споредување на временски зони, итн.
Секојдневно (самите одбирате колку често) треба да ги исчитате податоците од читачите. Податоците се сместуваат во стандардни ACCESS (или SQL) податочни табели кои лесно можат да се користат и за други намени.
Преглед на податоците се прави во третиот дел кој ни дава можност за исправки, додавки, и прегледи (дневни, месечни, за период) и тоа детални со секој влез и излез, и групни, на ниво на ден за секој корисник прв влез и последен излез.